Мбапе не играше на лигашкото гостување кај Атлетико, не сака да го пропушти и вечерашното од ЛШ

Килијан Мбапе се најде на листата на Реал Мадрид и се очекува да биде стартер, иако има физички проблеми по ударот во глуждот што го доби на натпреварот со Рајо Ваљекано.

Французинот деновиве не тренираше нормално, а стручниот штаб на Реал Мадрид реши дека ако Мбапе не е 100 отсто подготвен, нема да стартува.

Гостувањето кај Атлетико е премногу важен меч за Реал Мадрид и на теренот мора да излезат само најспремните, но Мбапе сака да игра и веројатно ќе биде подготвен да заигра од првата минута. Но, ако за време на загревањето има болки, ќе треба да пријави и наместо него, ќе стартува некој друг.

Мбапе не играше на „Ванда Метрополитано“ во септември на лигашкото гостување кај градскиот ривал, па и тоа ја зголемува неговата желба да се појави на терен. Денешните тестови покажаа дека може да игра, тој скокаше, ја шутираше топката и тоа влева оптимизам дека е подготвен да влезе во битката и пеколот кој ги чека Кралевите од физички моќен и агресивен противник поддржан од многу гласни навивачи.

- Оглас -

Најнови вести