Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ, планира во 2024 да стане слободен играч

Најдобриот француски фудбалер, Килијан Мбапе, минатото лето потпиша договор со Пари Сен Жермен до 2025 година, но има и посебна клаузула која му овозможува сам да бира дали ќе стане слободен играч во летото 2024 година или ќе остане Светец до 2025.

Датумот до кој треба да одлучи е 31-ви јули годинава. Според веникот „Лекип“, Мбапе одлучил да остане во ПСЖ само уште во следната сезона, а во летото 2024 година сака да биде слободен и да ги разгледа сите опции.

Ако си оди од ПСЖ, следна станица на Мбапе ќе биде Реал Мадрид или некој клуб од англиската Премиер лига. Од Реал рекоа дека немаат намера да плаќаат отштета за Мбапе и дека би го довеле само како слободен играч. Во Англија би играл само за некој тим кој може да се бори за титулата во Лигата на шампионите и да му даде голема плата, а такви се малку.

Во ПСЖ веруваат дека Мбапе ќе остане кај нив барем до 2025 година, тој им е централна фигура во проектот, но ако не се состави тим кој може да се бори за европски првак, тешко дека ќе го задржат.

- Оглас -

Најнови вести