Килијан Мбапе не се откажува од Реал Мадрид и објави дека нема да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, клубот што го разочара и со односот кон него.
„Навреме во јули има кажав дека сакам да си заминам. Тие не сакаа да слушнат, јас одбив да го продолжам договорот, а потоа излажаа дека доцна сум им најавил дека сакам да си одам. Не е точно дека тоа сум го сторил во август, во финишот на преодниот рок, и тоа е лага“, изјави Мбапе во интервју за Радио Монте Карло.
Реал Мадрид се обиде да го ангажира опасниот напаѓач, но по неколку рунди преговори, Пари Сен Жермен ја крена цената на 200 милиони евра, па трансферот пропадна.
Килијан има договор со ПСЖ што му истекува идното лето, па сега е сè поизвесно дека сепак ќе си замине во Реал, и тоа без отштета.
„Пари Сен Жермен е клуб што ми даде многу. Секогаш бев среќен што играм тука и минав прекрасни четири години во Париз. Сепак, јас чесно си кажав дека е доста и дека е време да си заминам. Не е точно дека 6-7 пати сум одбил да го продолжам договорот. Навреме им најавив дека е време да си заминам, но тие не сакаа да ги слушнат моите зборови“, додаде Мбапе.