Мбапе не шутна ниеднаш, дури и голманот на Сити имаше повеќе контакти со топката

Килијан Мбапе беше целосно неутрализиран од одбраната на Манчестер сити и тоа е една од причините што ПСЖ загуби дома со 1-2 и многу е далеку од ново финале во Лигата на шампионите. Мбапе не упати ниту еден шут кон голот на Едерсон, а статистиката покажува дека и голманот на Сити, Едерсон, имаше повеќе допири на топката (31) отколку Мбапе (30), кој требаше да биде главна опасност за Граѓаните.

За разлика од Мбапе, Нејмар беше активен, особено во првото полувреме, но и околу Бразилецот статистиката е неумолива. Нејмар нема дадено гол на последните шест нокаут-мечеви во ЛШ. Последен пат погодил во осминафиналето во минатата сезона против Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести