Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не се појави на денешниот тренинг на тимот и е под знак прашалник за дуелот со Манчестер сити.
Голгетерот не тренираше со тимот денес и неговиот настап на средбата против Манчестер сити утревечер е неизвесен. Според „Кадена коп“, Французинот чувствува болка во левиот бутен мускул.
Вчера беше потврдено дека Мбапе го има скршено домалиот прст на левата рака на натпреварот против Селта, но се сметаше дека оваа повреда нема да го спречи да игра на дербито на „Сантијаго Бернабеу“.
Интересно е што тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на денешната прес-конференција воопшто не спомена никакви здравствени проблеми кај Мбапе, што дополнително ги зголеми сомнежите околу неговата состојба.

