Мбапе: Нека освои и ПСЖ една титула во ЛШ, но прво јас да освојам со Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се надева дека неговиот поранешен клуб ПСЖ еден ден ќе ја освои Лигата на шампионите.

„Во моментов не се надевам на тоа бидејќи и јас самиот сакам да го освојам со Реал Мадрид, а трофејот е само еден и не може да се дели. Подоцна, во иднина може, се надевам дека еден ден ќе го освојат. Навивачите, луѓето кои секојдневно страдаат, заслужуваат малку среќа. Но, не сега бидејќи и јас сакам да освојам, а Реал Мадрид е идеалното место за тоа“, изјави Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести