Мбапе нема да биде опериран, кога ќе се врати на терен, ќе мора да игра со маска

Килијан Мбапе има скршен нос, но нема да биде опериран во блиска иднина, објавија од Фудбалската федерација на Франција.

Ѕвездата на францускиот нацинален тим се повреди во дуелот со Кевин Данс и мораше да го напушти теренот пред крајот на натпреварот.

Мбапе најверојатно ќе го пропушти следниот натпревар, дербито со Холандија на 21 јуни, но добри се шансите да се врати на терен на последниот меч од групната фаза против Полска следниот вторник на 25 јуни.

Се очекува Мбапе да крајот на ЕП да настапува со заштитна маска на лицето. Тој самиот го навести тоа откако им се обрати на своите фанови преку „Икс“ (поранешен Твитер) со прашање: „Идеи за маска?

Неговата порака беше објавена во 01.30 часот по полноќ и има огромен број прегледи и лајкови. Најголем дел од неговите следбеници немаат дилема, фаворит им е маската со лик на нинџа-желка.

 

- Оглас -

Најнови вести