4.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Мбапе нема да игра против Бенфика, а виновникот е Чаби Алонсо?!

Килијан Мбапе е неизвесен за вечерниот дуел на Реал Мадрид и Бенфика од Лигата на шампионите и речиси извесно нема да биде дел од составот на Кралевите. Французинот има проблеми со коленото, а шпанските медиуми прстот го вперија кон поранешниот тренер, Чаби Алонсо.

Sвездата на Реал Мадрид имаше проблеми со лигаментот на коленото уште во декември и му беше препорачана пауза од три месеца, но тој се врати на тренинзите само по 11 дена, а Чаби Алонсо го поведе во Саудиска Арабија за финалето од Супер купот против Барселона.

На крајот Реал Мадрид го загуби финалето и со Мбапе во составот, но Французинот сега има големи болки и се претпоставува дека паузата може да биде и многу подолга. Првичните прогнози велат дека тој не само што нема да настапи против Бенфика, туку нема да биде дел ниту од евентуалното осминафинале, а тоа значи дека ќе пропушти и неколку првенствени натпревари.

- Оглас -

Најнови вести