Мбапе објасни зошто против Шпанија играше без заштитната маска на лицето

Килијан Мбапе, на големо изненадување, дуелот против Шпанија го одигра без заштитната маска на лицето. Французинот уште на првиот натпревар на Европското првенство, против Холандија, се здоби со скршеница на носот, па мораше да биде заменет, а под знак прашалник беше и дали воопшто ќе игра на турнирот.

Сепак, одлуката падна тој да носи заштитна маска, од која постојано се жалеше дека му пречи и не може да го даде максимумот на теренот. Против Шпанија настапи без маската, но и тоа не му помогна да прикаже врвно ниво и да ја однесе својата репрезентација во финалето.

„Донесовме одлука пред натпреварот. Маската ми одеше на нерви. Ги прашав докторите дали може да играм без маска, а тие ми рекоа дека можам да правам што сакам“, одговори Мбапе на новинарско прашање.

- Оглас -

Најнови вести