Мбапе од почит кон Модриќ не ја ни барал 10-ката во Реал

Килијан Мбапе во својата прва сезона како член на Реал Мадрид ќе носи дрес со бројот 9, а не со неговиот омилен број 10.

По одлуката на Лука Модриќ да остане во Кралскиот клуб уште една сезона, стана јасно дека бројот 10 останува кај него, па Мбапе немаше друг избор и мораше да одбере друг број на дресот.

Мбапе и неговите агенти не ја ни барале 10-ката од почит кон Модриќ.

И Кристијано Роналдо кога дојде во Реал Мадрид, во првата сезона носеше дрес со бројот 9, а омилениот број 7 го доби откако од тимот си замина легендата Раул Гонзалес. Така и Мбапе, ќе чека заминување на Модриќ, па потоа да игра со бројот 10 на грбот.

Следното лето многу веројатно е сценариото Модриќ да се повлече, па бројот 10 ќе стане слободен за Мбапе, а деветката од Мбапе ќе премине кај младиот Ендрик, кој за претстојнава сезона ќе треба да земе некој друг број.

- Оглас -

Најнови вести