Мбапе од Реал доби автомобил од 200.000 евра, но нема да смее да го вози поради бизарна причина

Килијан Мбапе овој месец беше преставен како нов играч на Реал Мадрид. Неколку години траеше драмата околу тоа дали и кога францускиот голгетер ќе дојде во Реал Мадрид, а на крајот тоа се случи ова лето.

Покрај богатиот договор што го доби, Мбапе ќе биде почестен и со нов автомобил. Французинот го одбра БМВ автомобилот од верзијата i7 M70. Ова „чудовиште“ од автомобил може да развие максимална брзина до 250 километри на час.

Цената на овој автомобил е речиси 200.000 евра, а внатрешната опременост носи дополнителен луксуз. Има огромен екран од 31 инчи, разни масажери и уште многу модерни додатоци.

Мбапе ќе го добие овој автомобил, но нема да може да го вози од едноставна преичина бидејќи нема возачка дозвола и се плаши од возење. Фудбалерот сепак ќе го има овој автомобил постојано на располагање.

„Тоа е една од лошите работи кога уште од млад си многу успешен. Не можев да направам нешто како што е добивање на возачка дозвола. За многумина тоа беше обврска, но не и за мене, затоа што секогаш имав личен возач. Не ми беше приоритет“, неодамна рече Мбапе.

Во својата гаража, Мбапе минатата година „паркираше“ Ферари 488 Писта со 720 коњски сили и V8 мотор, чија цена е половина милион евра. Мбапе е сопственик и на Мерцедес Бенц ГЛЕ Купе, Аури А6, Мерцедес Бенц В класа и Ренџ Ровер.

- Оглас -

Најнови вести