Килијан Мбапе нема да патува со екипата на ПСЖ на подготовки во Јапонија, а најверојатно и заврши неговата одисеја во Париз.
Француските медиуми објавија дека Мбапе е изоставен од списокот на играчи кои ќе патуваат на подготовки во Јапонија, што е јасен сигнал дека повеќе нема да се смета на него.
Според порталот „Гол“, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, подготвил нов десетгодишен договор за Мбапе вреден дури милијарда евра со цел да го спрели да се пресели во Реал Мадрид, но фудбалерот наводно ја одбил понудата.
Француски „Лекип“ пак пишува дека Мбапе е остранет од тимот бидејќи челниците на ПСЖ сметаат дека веќе се договорил со Реал Мадрид.
Understand PSG consider Mbappé FOR SALE starting from today. ⚠️ #Mbappé
Paris Saint-Germain feel Kylian Mbappé wants to leave for free in 2024 — he did not communicate anything yet despite Al Khelaifi’s public statement.
PSG decided to EXCLUDE Kylian from Japan tournée. pic.twitter.com/kWvcu1AOzx
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 21, 2023