Мбапе откри како се мотивира пред секој натпревар: Подобар сум и од најдобрите

Килијан Мбапе, големта ѕвезда на ПСЖ, за француските медиуми говореше околу својата самодоверба и како егото му помага да се носи во одредени ситуации, а воедно константо да игра на високо ниво.

Иако Мбапе има само 22 години, веќе шест сезони блеска на големата фудбалска сцена, уште од периодот кога како тинејџер растураше во дресот на Монако.

„Многу е важно да се има самодоверба, бидеќи кога ти е тешко, никој нема да те турка напред освен самиот себе. Морате да се убедите себеси дека сте способни да поместите планина. Повеќето не го разбираат егото, но тоа може да послужи како гориво за да се бодрите самите. Затоа, секогаш кога ќе излезам на теренот, си велам дека сум најдобар фудбалер на светот, подобар дури и од Меси и Кристијано, иако и против двајцата сум ги одмерил силите. Секако, тоа што тие го имаат остварено во фудбалот тешко може да се надмине, но јас и покрај тоа се убедувам дека сум најдобар, и така не чувстувам граница и го давам своето најдобро“, истакна Мбапе.

Голгетерот на Светците и Франција е на добар пат да ги достигне величините на Меси и Роналдо. Блиску е да стигне до јубилејни 200 погодоци во кариерата за клуб и репрезентација, додека сезонава Мбапе во 36 меча брои 30 гола и 9 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести