Мбапе откри „смешна“ причина поради која нема намера да игра за Арсенал

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе биде најголема ѕвезда во летниот преоден рок бидејќи по завршување на сезоната, повеќе од сигурно е дека ќе потпише за Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми блиски до Реал Мадрид, се е договорено меѓу Кралевите и Мбапе и се чека вистинскиот момент за официјално да се објави веста која сите ја знаат.

Но, во изминатиот период, европските медиуми пишуваа дека и два премиерлигаши, Ливерпул и Арсенал, биле заинтересирани за Мбапе, но веднаш се откажале.
Самиот фудбалер даде „смешна“ причина зошто нема да се пресели во Лондон.

“Арсенал? Нема шанси, таму е премногу ладно“, му одговорил Мбапе на еден навивач на Арсенал, кој го повикал да се пресели во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести