Два меча се посебно интересни од денешниот распоред во плејофот на Лигата на шампионите. Бенфика и Реал Мадрид ќе играат вторпат во Лисабон само за 20 дена, а Кралскиот клуб треба да покаже дека ја научи лекцијата по поразот од 4:2.
Овојпат се игра двомеч, нокаут-систем и сигурно ќе има многу повеќе калкулации. Сепак, јасно е дека најголем фаворит за стрелец на првиот гол е Килијан Мбапе, кој прв ја затресе мрежата и на дуелот минатиот месец. Гонзало Гарсија и Винисиус јуниор се меѓу фаворитите за стрелци за Реал, додека Бенфика адутите ќе ги бара кај Павлидис, Ивановиќ… Вкупно 15-мина фудбалери се во комбинација за стрелец, а првиот погодок да е автогол, квотата е дури 20.
Тука се и комбинациите за стрелец и победник на меч, а може да се одигра и на многуте статистички игри, како што се: бројот на удари кон голот, вкупно жолти картони, вкупно изведени корнери, бројот направени фаули или „уловени“ офсајд позиции.

Јувентус гостува во Истанбул кај Галатасарај и тоа ќе биде голем предизвик за Старата дама. Во изминативе 30 години Јувентус трипати гостувал кај Галатасарај и има два пораза и едно реми, без ниту една победа, што доволно зборува за колку тешко гостување се работи.
Дури Галатасарај има и подобар скор затоа што во шест средби на овие два клуба, турскиот гигант има два победи, а Јувентус се радувал само еднаш.


