Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, беше снимен како излегува од хотел во Париз и влегува во автомобил во кој веќе се сместила неговата нова девојка, Естер Експозито.
Личниот живот на Мбапе кој периодов се рехабилитира од повреда на коленото и не се знае точно кога би се вратил на терените, повторно е водечка тема откако францускиот напаѓач беше забележан во интимна близина со шпанската актерка Естер Експозито. Мбапе и Естер официјално не ја потврдија својата врска (не ја ни негираат) и најверојатно ќе молчат и нема да дадат никакви официјални изјави бидејќи претпочитаат да го држат својот приватен живот подалеку од центарот на вниманието.
Но, според снимките од ноќен клуб каде што се бакнуваа, а и од оваа каде што со автомобил заедно заминаа кон аеродром и заедно се вратија во Мадрид, јасно е дека има некаква „хемија“.
Por fin tenemos EL VÍDEO de Mbappé y Ester Expósito juntos 😭
— (fan) yas (@yassronaldo) March 8, 2026

