Победата од 7-2 над Макаби Хаифа го лансира Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите, а фановите на Светците се пресреќни што гледаат како нивното пеколно напаѓачко трио соработува меѓу себе и ги уништува противниците.
Како ретко кога, синоќа можеше да се види како Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар се прегрнуваат, тоа го правеа и на теренот додека ги прославуваа головите, а заедно се сликаа и во соблекувална по мечот.
ПСЖ ги купи овие тројца играчи за да ја освои ЛШ и ако атмосферата до крај на сезоната остане идилична како во моментов, имаат право да се надеваат на ушлестиот трофеј, кој засега го има освоено само еден француски тим, нивниот ривал Олимпик Марсеј.