Килјан Мбапе би го одбрал Манчестер сити пред Реал Мадрид, доколку реши да си замине од Пари Сен Жермен. Ова го пишуваат англиските медиуми, кои потенцираат дека Мбапе има добри релации со тренерот на Граѓаните Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег уште во 2017 година се интересираше за Мбапе и од тогаш го има направено првиот контакт со играчот од кого се очекува да биде еден од најдобрите во следните 10-тина години во светот.
Кога Гвардиола го направи првиот контакт со Мбапе, Французинот реши сепак да замине во ПСЖ, клуб кој на Монако му плати 180 милиони евра за тој трансфер. Минатата сезона Мбапе одигра 43 меча во дресот на францускиот првак а на рајот заврши со 39 погодоци и 17 асистенции.
Договорот со ПСЖ му е до јуни 2022 година.