Мбапе постигна еврогол, па го посвети на Диого Жота (Видео)

Килијан Мбапе е докажано еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а Французинот покажува дека поседува и човечки квалитети. Голгетерот на Реал Мадрид постигна погодок на синоќешниот дуел против Борусија Дормтунд за водство од 3:1, а Мбапе веднаш покажа дека тој гол го посветува на трагично загинатиот Диого Жота.

Мбапе и Жота никогаш не биле ниту соиграчи на клупско ниво, ниту беа дел од иста репрезентација, но едноставно почитта од еден фудбалер кон друг е во прашање.

По постигнување на голот, Мбапе со рацете го покажа бројот 20, кој Жота го носеше во Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести