Килијан Мбапе ги израдува навивачите на Пари Сен Жермен, откако потпиша нов договор до 2025 година, а потоа истрча на терен, на дуел против Мец. Беше 0:0 до 25 минута на „Паркот на принцовите“, а потоа блесна Мбапе.
Францускиот голгетер даде гол за 1:0, а само три минути подоцна повторно погоди за 2:0. До крајот на првиот дел, гол постигна и Нејмар. Мбапе го комплетираше хет-трикот по само пет минути во второто полувреме кога погоди за 4:0.
Едноставно Мбапе покажа што значи тој за оваа екипа на ПСЖ.
Видео плејер
00:00
00:00