Мбапе повторно е во фокусот: Дел од медиумите тврдат дека до утре ќе биде нов член на Реал, но „јавните гласила“ на Кралевите демантираат трансфер (Фото)

Летната сага околу Килијан Мбапе и неговото останување во ПСЖ или заминување во Реал Мадрид ќе заврши утревечер на полноќ, со затворањето на преодниот рок, но денеска дел од медиумите повторно најавуваат сензација.

Шпанскиот медиум „Возпопули“ лансира сензационална вест дека Мбапе до крајот на денот ќе стане член на Реал Мадрид. Наводно, челниците на ПСЖ се помириле со фактот дека Мбапе нема шанси да остане на „Паркот на принцовите“ по 2024 година и ја спуштиле цената за отштетата само на 50 милиони евра со цел да не го загубат бесплатно идното лето.

Но, главните мадридски спортски медиуми, „Ас“ и „Марка“, кои важат за „јавни гласила“ на Реал Мадрид, тврдат дека Кралевите нема да го ангажираат Мбапе летово, туку идното лето ќе пристигне како слободен играч.

Според „Ас“ и „Марка“, Реал Мадрид летово воопшто немал намера да го ангажира Мбапе бидејќи претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, веќе се договорил со одличниот напаѓач да пристигне идното лето.

- Оглас -

Најнови вести