30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Мбапе повторно крена тревога во ПСЖ

Килијан Мбапе повторно крена трегова во незгоден момент за ПСЖ. Младата ѕвезда на Светците попладнево нема да настапи против Ленс во мечот од 35-тото коло во Лига 1, бидејќи има проблеми со листот од десната нога.

Повредата ја потврди неговиот тренер Маурисио Покетино, кој пак се надева дека Мбапе до вторник ќе биде фит за реваншот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

„Килијан има проблеми со листот од десната нога, но се надевам дека не е ништо сериозно. Секако дека сакам што побрзо да се врати во составот бидејќи тој е многу важен играч за нас. Имам среќа што работам со дота квалитетни играчи кои може да го пополнат местото на Мбапе, но разликата на теренот е очигледна кога тој не игра“, посочи Покетино.

ПСЖ во реваншот на „Етихад“ ќе брка негатива од 1-2 со цел повторно да се пласира во големото финале, а доколку Мбапе не биде подготвен доготаш, шансите на францускиот првак ќе се сведат на минимум.

- Оглас -

Најнови вести