Капитенот и најголемата ѕвезда на француската репрезентација, Килијан Мбапе, и втор собир по ред не доби повик од селекторот Дидие Дешан за настап во Лигата на нациите. Репрезентацијата на Франција ќе одигра натпревари против Израел и Италија, а минатиот месец Мбапе не беше дел од дуелите против Израел и Белгија.
Оправданието на Дешан тогаш беше дека фудбалерот на Реал Мадрид не е повикан за да заздрави од повредата која ја имаше, но сега не се открива причината за неповикувањето на Мбапе.
„Разговарав со Килијан и донесов одлука. Вака е подобро. Мбапе сакаше да дојде“, кусо прокоментира Дешан за француските медиуми.