Sвездата на ПСЖ и француската репрезентацијата, Килијан Мбапе, се одлучи својот одмор да го мине во Камерун, родната земја на неговиот таткот. Иако Мбапе е роден во Париз, сепак неговиот татко е роден во Камерун и како многу млад заминува во Франција во потрага по подобар живот.
Мбапе во Камерун беше обезбедуван од специјалната единица на Камерун, а се возеше во блиндиран автомобил. Често можеше да се види дека е обезбедуван и од оклопни возила, па не чудат и коментарите дека бил чуван како да дошол претседателот на Америка.
This is the extent of Kylian Mbappé’s security in Cameroon today. pic.twitter.com/bq9paCEw6q
— Get French Football News (@GFFN) July 8, 2023
Тој во традиционална локална носија одржа и говор пред илјадници локални жители, а го посети и учиштето чија изградба ја финансираше токму фудбалската ѕвезда.