На синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Њукасл, во 56-та минута Килијан Мбапе се обиде на атрактивн начин да даде гол и да му донесе израмнување на својот тим.
Француската ѕвезда на некој начин се обиде да го имитира Алехандро Гарначо, кој викендов за Манчестер јунајтед даде феноменален гол со ножички против Евертон, но стана цел на потсмев по социјалните мрежи. Обидот на Мбапе може да го погледнете ТУКА.
Мбапе на крајот даде гол, но мораше да чека подарен пенал во 91-вата минута за да дојде до погодок против Чавките.