Килијан Мбапе јавно потврди дека неговата мисија во Пари Сен Жермен е завршена и дека во следната сезона нема да го носи дресот на Светците. Досега, во дресот на ПСЖ Мбапе одигра 306 меча и досега постигна 255 голови што е доволно да биде најдобар стрелец во историјата на клубот.
„Секогаш велев дека ќе се обратам кога ќе дојде време за тоа. Затоа сега сакам да ви кажам дека ова е мојата последна сезона во ПСЖ. Нема да го продолжам договорот и за неколку недели ќе дојде крај на оваа авантура. Многу емоции има тука. Имав чест толку години да бидам дел од најдобриот француски клуб и еден од најдобрите во светот. Овој клуб ми овозможи да се развивам како фудбалер“, рече Мбапе.
Голгетерот не сакаше да открие каде ќе ја продолжои кариерата, но потврди дека ќе си замине од Франција. Сите очекуваат во најскоро време да се потврди дека Мбапе во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
https://twitter.com/i/status/1788991573029712287
Мбапе стигна во ПСЖ во 2017 година кога имаше само 18 години. Парижани за него платија 180 милиони евра што уште е втор најскап трансфер во историјата на фудбалот. Помина седум сезони во ПСЖ и се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот. Шест пати беше првак на Франција, а во тој период стана и светски првак со Франција во 2018 година.