Пари Сен Жермен стигна до првата победа сезонава во француското првенство откако пред своите навивачи со 3:1 го победи Ленс. Ова беше дуел на двете екипи кои минатата сезона се бореа за титулата, а на крајот ПСЖ стигна до трофејот со само еден бод повеќе од Ленс.
Вечерва ПСЖ лесно победи и тоа најмногу благодарение на Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на францускиот првак за прв пат сезонава беше стартер и покажа колку значи неговата игра за тимот.
Марко Асенсио донесе водство за фаворитот со гол во 45 минута, а во второто полувреме шоуто беше на Мбапе. Францускиот голгетер прво погоди во 52 минута за 2:0, а во 90+1 минута првата ѕвезда погоди втор пат за 3:0. Мбапе директно учествувал во постигнување на 301 гола во дресот на ПСЖ. Тој има 215 погодоци и 86 асистенции.
Во последните моменти од мечот, Ленс постигна почесен погодок за конечни 3:1 и прва победа на ПСЖ во новата сезона од француското пренство.