Килијан Мбапе постигна и четврти гол на гостувањето на Реал Мадрид кај Олимпијакос и ова е првпат во кариерата на Французинот да даде четири гола на меч од Лигата на шампионите.
Мбапе стана четвртиот фудбалер на Реал кој имал „покер“ голови во најсилното клупско натпреварување во Европа. Пред него тоа го направиле само легендите Алфредо Ди Стефано, Ференц Пушкаш и Кристијано Роналдо.
Инаку Мбапе има 64 голови во ЛШ, од нив 36 се на гостински терен и тој е еден од ретките што има подобар скор на гости отколку дома.

