Мбапе разочаран упати интересна порака: Прашајте го Дешан за тоа

Француската фудбалска репрезентација го заврши настапот на ЕП откако синоќа загуби од Шпанија со 1:2. Еден од оние коишто требаше да бидат лидери на Галските петли, а потфрлија на турнирот е капитенот Килијан Мбапе.

Мбапе асистираше за голот на Коло Муани, но освен таа асистенција и само еден гол од пенал, фудбалерот кој ќе биде нова голема ѕвезда на Реал Мадрид не направи ништо посебно.

„Сакавме да победиме, но сега ќе мора да си одиме дома. Секако дека сум разочаран поради тоа. Тоа е вистината, си одиме дома, иако имавме голема желба да победиме. Во фудбалот си или добар или не си. Јас не бев добар. Мојот настап на ЕП е неуспех. Сакав да станам европски првак, но не успеав. Потребен ми е одмор, пред стартот на новиот предизвик за мене“, рече Мбапе.

На прашањето дали треба нешто да се менува во играта на Франција, Мбапе имаше резервиран одговор.

„Не сум јас селектор. Тоа е прашање за селекторот. Не може да дојдам тука и да кажам што сè треба да се менува. Тоа треба Дешан да го прашате“, заврши Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести