Мбапе реши да го прекине молчењето и упати порака до Меси

По разочарувањето во финалето на Светското првенство, кога иако постигна хе-трик, Килијан Мбапе не успеа да стигне до вториот трофеј на Мундијалот, францускиот голгетер веќе се врати на клупските обврски и веднаш повторно беше клучен за триумф на неговиот Пари Сен Жермен. На дуелот против Стразбур, Мбапе даде гол од пенал во 90+5 минута за победа на Светците од 2:1.

По овој дуел, Мбапе беше запрашан за тоа што се случуваше во и по финалето на Мундијалот во Катар. За провокативните прослави на голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, но и за тоа како ќе го дочека Лионел Меси во Париз.

„Не ми е гајле за нечии прослави. Не трошам енергија за такви тривијални работи. Мене ми е најважно да одиграм најдобро што можам“, беше коментарот на Мбапе за првокациите што Мартинес ги упати кон него во текот на прославата на титулата.

Што се однесува до Меси, Мбапе очигледно е дека е фокусиран на ПСЖ и вели дека со нетрпение го чека соиграчот за заедно да продолжат да им носат радости на Светците.

„Ќе го почекам Меси да се врати, а потоа заедно да продолжиме да даваме голови и да победуваме. Зборував со него и му ја честитав титулата. Тоа за него беше животна желба, секако беше и за мене, но јас не успеав да ја освојам во Катар. Најважно на крајот е да се остане добар играч“, рече Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести