Мбапе: Роналдо е легенда, но се надевам дека ќе ја победиме Португалија

Kапитенот на Франција, Килијан Мбапе, е оптимист во пресрет на четвртфиналната пресметка со Португалија. В петок вечерта светските шампиони од 2018 година ќе се соочат со европскиот првак од пред осум години во четвртфинален дуел на ЕВРО 2024.

Логично, акцентот паѓа врз судирот меѓу новиот напаѓач на Реал Мадрид и легендарниот Кристијано Роналдо. Дуел меѓу новата голема ѕвезда и идолот.

„За мене е чест да го познавам Кристијано. Тој е уникатен, никогаш повеќе нема да има таков како него. Имам огромна почит кон Роналдо. Тој останува легенда, но се надевам дека сега ние ќе победиме”, изјави францускиот капитен.

„Нема за што да му завидувам. Се држам до својот пат и се надевам дека ќе напишам нова голема страница во историјата на Реал, која сепак ќе биде различна од неговата“, продолжи Мбапе.

Потоа се фокусираше и на претстојниот четвртфинален натпревар на ЕВРО 2024.

Какви се нашите шанси за титулата? Не можам да ја предвидувам иднината. Досега успеавме да ги минеме сите пречки и сме максимално мотивирани да победуваме. Во моментот сме фокусирани на Португалија. Европското првенство е напорно. Има многу силни селекции и натпреварите ќе се решаваат во детали. Португалците исто така многу се потрудија досега. Ние, сепак, сакаме билет за полуфиналето и сме подготвени на голема битка“, порача Мбапе.

 

- Оглас -

Најнови вести