28.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Мбапе сака олимписко злато, планира да игра за Франција на ЛОИ 2024 во Париз

Според пишувањето на „Л’екип“, тројца фудбалери од првиот тим на Пари Сен Жермен, меѓу кои и Килијан Мбапе, ќе бидат во олимписката репрезентација на Франција следната година.

Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри од 26 јули до 11 август 2024 година, а Мбапе сака на домашен терен да го освои олимпиското злато и најавил дека сака да игра за олимписката селекција на својата земја.

Според правилата, во олимписките тимови во фудбал за мажи смее да има само тројца фудбалери постари од 23 години, а Мбапе следното лето ќе има 25.

- Оглас -

Најнови вести