Килијан Мбапе не е расположен да да се пресели во Саудиска Арабија и една сезона да игра за Ал-Хилал, но доколку се случи такво нешто, желба му е тимот на ПСЖ да добие што помала отштета, пишува шпанскиот спортски весник „Ас“.
Ал-Хилал веќе испрати официјална понуда до ПСЖ тешка 300 милиони евра за Мбапе кој се наоѓа во војна со управата на францускиот тим.
Но, условот за Мбапе една година да го носи дресот на Ал-Хилал, а потоа да се пресели во Реал Мадрид, е отштетата што ПСЖ треба да ја добие да биде помала од 200 милиони евра.
https://twitter.com/danielkx_/status/1684096307785519104?s=20
„Ас“ пишува и дека најверојатно не е точна сумата која саудискиот тим му ја нуди на Мбапе. Речиси сите медиуми објавија дека Французинот во следната сезона би заработил неверојатни 700 милиони евра доколку заигра за Ал-Хилал, но „Ас“ пишува дека Мбапе би инкасирал 500 милиони.