Мбапе се избрука за сите пари: Не знае да го искористи подарокот од судијата, промаши два пенали за една минута, а потоа и празниот гол (Видео)

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, прописно се посрамоти бидејќи на дуелот против Монпелје не реализира два пенали во рок од една минута.

Во осмата минута на дуелот со Монпелје, судијата Пинар досуди пенал за ПСЖ, а одговорноста ја презеде Мбапе. Напаѓачот не го реализира пеналот, но судијата одлучи тој да се повтори поради прекршување на правилата.

Мбапе го промаши и повторениот удар од белата точка, односно голманот на Монпелје му го одбрани ударот, а потоа напаѓачот на ПСЖ дополнително се избламира бидејќи одбиената топка наместо во мрежата, ја испрати над голот.

https://twitter.com/i/status/1620877538770972673

 

- Оглас -

Најнови вести