Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе се кае што минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ, пишува „Марка“.
Шпанскиот весник исто така пишува дека луѓето блиски до Мбапе, веднаш го повикале претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес и признале дека напаѓачот жали поради неговата одлука да остане во ПСЖ.
Мбапе минатото лето одлучи да потпише нов договор со ПСЖ до 2025 година, иако имаше усен договор со Флорентино Перес да се пресели во Реал Мадрид.
Според весникот, целта на повикот била да се дознае дали Перес и останатите членови на управата биле заинтересирани да го ангажираат Мбапе ова лето. Перес во тој разговор според „Марка“ која е блиска до Реал Мадрид, не покажал желба за трансфер.
Но, Кралевите не ги затвориле целосно вратите за евентуален трансфер, но Мбапе и неговите агенти се свесни дека условите ќе бидат променети и дека ќе мораат да ги намалат своите барања.
Дека постои голема шанса, Мбапе уште ова лето да се пресели во Реал Мадрид, пишува влијателниот англиски „Атлетик“ кој тврди дека двете страни започнале преговори уште за време на Светското првенство во Катар.