Мбапе се појави во тренинг центарот на ПСЖ и пак си тераше по свое

Килијан Мбапе го испочитува договорот дека денеска ќе му се приклучи на Пари Сен Жермен на подготовките за следната сезона, но во моментов никој не може да каже во кој клуб ќе игра француската фудбалска ѕвезда во следната сезона.

Мбапе се појави во тренинг центарот, се запозна со новиот тренер Луис Енрике, се прегрна со Нејмар, а потоа не се делеше од неговиот единствен близок пријател во соблекувалната на ПСЖ, Ашраф Хакими.

Се очекуваше Мбапе да има состанок со претставници на клубот, но такво нешто не се случи. За неколку дена тимот треба да замине на турнеја во Јапонија, веројатно и Мбапе ќе биде таму. Клучен датум треба да биде 31-ви јули, кога тој треба да земе 40 милиони евра за „верност“, но и да се изјасни дали ќе потпише продолжување на договорот. Ако не потпише, ПСЖ веројатно ќе го стави на продажба уште летово.

Има шпекулации дека Мбапе веќе ги известил најблиските пријатели дека си заминува, меѓу пријателите е и Мароканецот Хакими, а Мбапе и Хакими заедно и го напуштија тренинг центарот.

https://twitter.com/i/status/1680906719013097473

- Оглас -

Најнови вести