Мбапе се посрамоти против Монпелје, но затоа Меси даде гол и го престигна Роналдо на вечната листа (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ славеа на гостувањето кај Монпелје со 1:3 во рамките на 21-вото коло во Лига 1, а мечот го одбележаа бламажата на Килијан Мбапе и рекордот на Лионел Меси.

На стартот од мечот, ПСЖ доби пенал, а одговорноста ја презеде Мбапе, кој не го реализира ударот од белата точка.

Судијата одлучи да се повтори пеналот и Мбапе повторно промаши, голманот Лекомт го одбрани неговиот шут, а одбиената топка напаѓачот на ПСЖ наместо во празната мрежа, ја испрати над голот. Потоа Мбапе се повреди и мораше во 21-вата минута да биде заменет, а на сцена стапи Меси.

https://twitter.com/i/status/1620898946964148228

Имено, Аргентинецот во 72-рата минута постигна гол за 2:0 и го помина Кристијано Роналдо на вечната листа. Тој гол беше 697-ми во кариерата на Меси во петте најсилни лиги, додека Роналдо остана на 696 гола.

Меси и во првото полувреме постигна еден гол, но беше поништен поради офсајд. Останатите голови за ПСЖ ги постигнаа Фабијан Руиз и Заир-Емери. Голот на домаќините го даде Нордин.

Во останатите натпревари, Марсеј со 2:0 славеше на гостувањето кај Нант и се искачи на второто место на табелата, додека Монако со 3:2 го совлада Оксер. Лион и Брест одиграа без голови, а Ленс загуби на домашен терен од Ница со 0:1.

- Оглас -

Најнови вести