Овојпат се чини дека е дефинитивно, Килијан Мбапе донел одлука да си замине летово од Пари Сен Жермен, а денеска за својата одлука го информирал и претседателот Насер Ал-Келаифи како прв чекор кон официјалната разделба.
Реал Мадрид е фаворит за потписот на Мбапе, но тие не се единствените заинтересирани. На листата се и Ливерпул, Милан, Арсенал.
Се јавија и од малиот мадридски клуб Хетафе, кои на шега на својот профил на „Твитер“ на англиски јазик објавија монтирана фотографија на Мбапе во дрес на нивниот клуб и порачаа „Тик, так, желката доаѓа“.