Судијата Хезус Хил Манзано е познат по тоа што имаше храброст во минатото им покажал црвени картони на ѕвезди на Ла Лига како Меси, Суарес, Нејмар, Бејл, Касемиро, Левандовски, а вечерва имаше шанса на листата на ѕвезди да ја прошири и со Мбапе.
Во еден момент од почетокот на второто полувреме при 1-0 за Реал на вечерашното гостување кај Жирона, Французинот играше со рака и излезе сам пред голманот и не успеа да даде гол, но судијата претходно ја прекина акцијата.
Мбапе имаше жолт картон од првото полувреме кој го доби за приговор, а може да се каже дека мораше да биде повнимателен за да не ризикува да биде и исклучен.
Шпанските судиски аналитичари сметаат дека ова играње со рака не било за картон и судијата донел правилна одлука, а секако има и такви, претежно фанови на Барселона, кои сметаат дека Мбапе требало да добие втор жолт и да го напушти теренот.