Мбапе се увери во можностите на Реал Мадрид – Марка го најави спектакуларниот трансфер (ФОТО)

Килијан Мбапе во средата играше против Реал Мадрид а од наредната сезона по се изгледа ќе го носи дресот на шпанскиот великан.

Веќе со месеци е јасно дека Французинот ќе го напушти ПСЖ, а очиглето тоа стаа уште појасно по натпреварот во средата каде што најскапиот француски тим изгуби во неверојатен меч и испадна од Лигата на шампионите.

Според информациите до кои дојде Марка, а тоа е навистина близок весник на Реал Мадрид, само за потпис, Мбапе ќе инкасира некаде од 60 до 80 милиони евра, додека годишната плата ќе му биде 50 милиони евра со договор на пет години.

ПСЖ на сите начини се обидуваше да го задржи Мбапе, но тој се увери дека со тој тим, неговата кариера стои во место.

- Оглас -

Најнови вести