Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе добие повик во националниот тим на Франција за претстојните натпревари во март. Селекторот Дидие Дешан го потврди тоа.
„Очигледно ќе биде таму. Зошто да не биде?“, изјави кусо Дешан, запрашан дали Килијан Мбапе ќе биде во составот на Франција за следните натпревари.
Во март Франција ќе се соочи со Хрватска во четвртфиналето на Лигата на нациите. Иако официјалниот список на играчи сè уште не е објавен, изјавата на Дешан сугерира дека тој ќе биде дел од тимот.
Во претходните месеци, Килијан Мбапе не беше повикан за некои натпревари на француската репрезентација, што предизвика шпекулации за можни несогласувања со селекторот Дидие Дешан. Сепак, во јануари 2025 година,ж Мбапе изјави дека сè е во ред со репрезентацијата и дека очекува да се врати во март.