Мбапе се враќа во тимот на Реал за мечот против Јувентус?

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се чувствува подобро и би можел да биде во тимот на Реал Мадрид за осминафиналниот меч против Јувентус на Светското клупско првенство.

Тој имаше гастронтеритис и заврши дури и во болница. Не беше дел од тимот во првата фаза од клупскиот мундијал.

Сепак, сега Мбапе се чувствува многу подобро и од утре веќе треба да се врати во редовен тренажен процес. Тренерот Чаби Алонсо се надева и дека ќе може да му даде минутажа на пресметката со Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести