20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Мбапе се здебелил четири килограми, затоа изгледа „убиствено“

Реал Мадрид го победи Овиедо на гости со 0-3, благодарение на головите на Килијан Мбапе и Винисиус. Французинот постигна два гола на овој натпревар.

По завршувањето на средбата, Чаби Алонсо изрази задоволство од играта на Мбапе и откри дека фудбалерот се здебелил цели четири килограми, што според него, е позитивна промена.

„Тој се здебели четири килограми. Ги имаше изгубено за време на Светското клупско првенство. Сега изгледа навистина добро и има убиствен инстинкт на теренот. Ми се допаѓа кога тимски успеваме да ги задржиме линиите на теренот и секој е блиску до другиот, успеваме да се пронајдеме еден со друг. Сè уште бараме што да поправиме, но чувството е добро“, изјави тренерот на Реал, Чаби Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести