Килијан Мбапе од вчера е заедно со репрезентацијата на Франција, каде што во наредниот период ќе одиграат два пријателски натпревари.
Сепак, Мбапе е во центарот на вниманието за сите случувања во Пари Сен Жермен, како и за наводниот трансфер во Реал Мадрид. При доаѓањто во кампот на Франција, Мбапе се поздрави со Пол Погба, при што тој го праша: „Како си“, а на тоа Мбапе одговори:
„Искрено, преку глава ми е од сè“.
Сето тоа беше уловено од новинарите коишто беа присутни, а ваквиот разговор меѓу Погба и Мбапе е јасен показател дека работите во ПСЖ се далеку од посакуваните.