29.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Мбапе си се номинира во Топ-3 за Златната топка, но знае дека нема шанси да победи

Килијан Мбапе си се рангираше во Топ-3 фудбалери како најголеми кандидати за престижната награда Златна топка што ја доделува францускиот магазин Франс фудбал, но и самиот е свесен дека нема шанси да победи.

„Мора да признаеме дека Реал Мадрид е вистинска машинерија и заслужено има најмногу кандидати за Златната топка. Сепак на крајот одлучува учинокот на терен, а тие беа најдобри.

Да сум на местото на Карим Бензема и ако сега не ја добие наградата тогаш никогаш повеќе не би размислувал за Златната топка.

Убеден сум дека еден ден ќе успеам да ја освојам убавата награда на Франс прес. И Роналдо почна да ја освојува Златната топка на 27 години, па затоа не се откажувам и знам дека имам време“, вели Мбапе.

Очекувано покрај себе, Килијан во Топ-3 главни кандидати за Златната топка ги смета Бензема и Садио Мане.

Официјално добитникот на наградата ќе биде познат на 17.октомври на свечената церемонија во Париз.

- Оглас -

Најнови вести