Мбапе со хет-трик го нокаутира Сити, ПСЖ го понижи Брест (Видео)

Реал Мадрид покажа зошто е актуелен европски владетел откако го елиминира англискиот првак Манчестер сити во плејофот во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб вечерва на свој терен славеше со 3:1, а на тоа ако се додаде и триумфот од 3:2 во првиот натпревар во Манчестер, шпанскиот гигант со вкупно 6:3 се пласира во осминафиналето на елитното натпреварување на УЕФА.

Килијан Мбапе е херојот на Реал, постигнувајќи хет-трик. Нецели четири минути беа доволни да започне шоуто на Мбапе. На мајсторски начин го матира Едерсон за 1:0.

Мбапе беше стрелец и на вториот дел, овојпат во 33-тата минута.

Францускиот голгетер го комплетира хет-трикот во 61-вата минута, а овојпат погоди со одмерен удар во спротивниот агол на голманот. Во последните моменти од мечот, Сити даде почесен погодок преку Нико Гонзалес за конечни 3:1.

Пари Сен Жермен немаше милост против Брест и го растури со 7:0. Ако на овој резултат се додаде и победата од 3:0 на првиот дуел, Светците одат понатаму со вкупен резултат од 10:0.

- Оглас -

Најнови вести