Мбапе со објава на Инстаграм порача каде се гледа себеси во следната сезона

Килијан Мбапе и преку социјалните мрежи потврди дека сака да остане во Пари Сен Жермен и во следната сезона.

Мбапе кој е на одмор во Мајами, на Инстаграм го објави распоредот на ПСЖ во француската лига за следната сезона, со што го потврди својот став оти во следната сезона сака да игра за клубот со кој не сака да го продолжи договорот до 2025 година.

За денеска е закажан состанок на претставници на Мбапе и на ПСЖ, на кој треба да се донесе важна одлука дали Мбапе останува или ќе биде продаден.

Мбапе сака да остане, но само уште една сезона, додека клубот му даде ултиматум или нов договор до 2025, или да си оди уште летово. Синоќа се појави информација дека ќе се постигне договор со кој Мбапе ќе се согласи на нов договор и ќе остане во Париз уште барем една сезона, но да добие гаранција дека во летото 2024, ПСЖ ќе преговара со Реал Мадрид за трансфер.

- Оглас -

Најнови вести