-4.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Мбапе со порака до фудбалерот на Бенфика: „Не си добредојден во Мадрид“

Во Шпанија сè уште главна тема се наводните расистички навреди кон Винисиус на мечот против Бенфика од Лигата на шампионите, но наместо тензијата да се намали, таа дополнително расте во пресрет на реваншот кој ќе се одигра во среда на „Сантијаго Бернабеу“.

Порака да не патува во Мадрид до Џанлука Престијани пристигна од Килијан Мбапе.

„Мислам дека Џанлука Престијани не би требало да дојде на ‘Сантијаго Бернабеу’, најдобриот стадион во светот. Не го заслужува тоа, не би требало да игра тука“, порача Французинот.

Аргентинецот веднаш по натпреварот објасни дека воопшто не го навредил Винисиус, па случајот сега ќе го испитува УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести