Мбапе со само 24 години стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ со 4:2 го совладаа Нант во 26-то коло во Лига 1 и ја зголемија предноста на лидерската позиција на 11 бода пред најблискиот конкурент, а Килијан Мбапе се запиша во историјата на Светците.

Мбапе со голот што го постигна во 91-та минута, стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 201 постигнат гол и тоа на само 24 години. Тој на вечната ранг-листа го помина Единсон Кавани. Мбапе до оваа бројка дојде со само 247 одиграни натпревари.

Светците по 26 кола имаат 63 бода, додека второпласираниот Олимпик Марсеј има 52, но и натпревар помалку.

Светците одлично го започнаа натпреварот и по 17 минути игра имаа предност од 2:0. Прво, Лионел Меси во 12-та минута го отвори резултатот, а пет минути подоцна, Жоен Хажан си постигна автогол.

Но, до крајот на првиот дел, гостите успеаја да ги шокираат сите на „Паркот на принцевите“ и за само седум минути дојдоа до израмнување. Лудовик Блас во 31-та минута намали на 2:1, а Игнатиус Ганаго седум минути подоцна изрмни на 2:2.

Одморот од 15 минути добро им дојде на Светците да се соземат и да ја консолидираат играта и по 15 минути игра во второто полувреме, ја вратија предноста. Водство на ПСЖ му донесе Данило Переира, а конечниот резултат го постави Килијан Мбапе во судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести