Мбапе стана државно прашање, Владата на Франција го моли да не си оди од ПСЖ

Блесокот на Килијан Мбапе на гостувањето кај Барселона во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, покажа дека станува збор за огромен фудбалски потенцијал за кој се борат големите и богати клубови. ПСЖ има договор со Мбапе до 2022, и му нуди нов договор, но Мбапе засега не потпишува, па се шпекулира дека клубот може и да го казни Мбапе со тоа што целата следна сезона нема да му дозволат да игра, како што направија со Рабио, кој потоа како слободен прејде во Јувентус.

Реал Мадрид сака да го купи Мбапе, и нема да штеди пари, но сега останувањето на Мбапе во Париз стана и државно прашање.

„Килијан, остани во Франција, сакаме да продолжиме да те гледаме. Потребен ни си нам, потребен си му на Пари Сен Жермен, на младите луѓе им треба некој пример како тебе на кој ќе се угледуваат. Не си оди, остани со нас“ – рече министерката за спорт на Франција, Роксана Марасинеану.

Мбапе дојде во ПСЖ во 2017 година од Монако за 180 милиони евра, и сега Светците ако решат да го продадат, за да го купат Лионел Меси, ќе бараат околу 200 милиони.

- Оглас -

Најнови вести